Biografija

Јова е родена и израсната во Македонија. Уште од мала има учествувано на приредби и фестивали (помегу нив се и песните “Да пееме за Мир" - Калинка 1992 и “Екскурзија” - Тинс Фест 1996. По завршувањето на средното училиште таа оди за Англија каде се запишува на реноминираното школо "Vocal-Tech". Нејзиниот прв албум "Hourglass Diary" (Дневник низ Песочен Часовник) е издаден во 2007 на iTunes & cdbaby.com.

Првите музички дела на Јова добија позитивна критика на Garageband.com кога нејзината песна "Here And Gone" беше прогласена акустична песна на неделата и 4 пати наградена за наjдобар женски вокал. Песната "Home" ја има во филмот "Home Grown", а "Be Happy" е издадена на CD издание на Billboard списанието.

Креативното партнерство на Јова со продуцентот Ken Rose започна кога тој ја слушна на песна што ја миксираше за неа во 2002. Тој веднаш беше допрен од нејзиниот глас и стил но не ја запозна дури до 2006 кога се пресели во Лондон. Нивното креативно партнерство започна со песни на Македонски јазик и доби одличен прием во Македонија. Во 2008 Јова доби награда за најдобар дебитант на Охрид-фест со нејзината песна “Се Радувам и Тагувам”. Таа исто така беше и учесник на Македонскиот Евросонг 2008 со песната “Јас Сум Овде”.

Јова И Кен започнаа да работат на нови песни и се спремни да снимат нов албум кој ке го истакне талентот на Јова за интернационалниот маркет.

Песните на Јова на Македонски јазик можете да ги слушнете на

www.myspace.com/jovaradevska а на Англиски на www.myspace.com/yovamusic